Повеќето луѓе веруваат дека поразвиените и побогатите земји се оние во кои се работи понапорно. Врската помеѓу повеќе вложени работни часови и поголемото богатство се зема здраво за готово. Сепак, работите не се толку едноставни.

Колку сте побогати, толку повеќе работите
Реалноста е всушност сосема спротивна. На глобално ниво, важи правилото да се поминуваат повеќе часови на работа во посиромашните земји отколку во побогатите.

Постои тренд да како што земјата станува побогата, луѓето поминуваат помалку часови на работа, имаат подобри работнички права, повеќе денови за одмор во годината и слично.

  • Има исклучоци

Но, секое правило има исклучоци, а во однос на законитоста дека со растот на богатството на една земја работниците во неа работат помалку, исклучок е Кина. Просечниот работник во Кина во 1979 година работел 1979 часа годишно, а денес работи 2174 часа.

Стандардот во Кина драстично се зголеми во последниве години и економијата растеше со фантастични стапки секоја година. Кинезите и денес работат 200 часа повеќе отколку пред 40 години.

Жителите на Сингапур се меѓу најбогатите луѓе во светот, поради што се претпоставува дека тие треба да работат релативно малку. Но, тие се исто така исклучок и работат напорно како сиромашните луѓе од Бангладеш.

  • Црногорците работат најмногу, а не најмалку

Наводната мрзеливост на Црногорците е тема на многу шеги, но се чини дека работниците во оваа земја работат повеќе од работниците во било која друга земја од регионот.

Во просек, работниците во Црна Гора работат 44,3 часа неделно, речиси пет часа повеќе отколку работниците во Словенија (39,5 часа) и Хрватска (39,6 часа). По Црна Гора, најдолго се работи во Србија (42,3 часа), Грција (41,8 часа), Македонија (40,3 часа), Бугарија (40,9 часа) и Романија (39,8 часа). Нема достапни податоци за Босна и Херцеговина.

Просекот на Европската Унија е 37 работни часа неделно, а во Германија се работи само 34,7 часа. Во Германија работат повеќе од пет часа помалку неделно отколку во Македонија и дури 9,6 часа помалку отколку во Црна Гора.