Верувале или не, но истражувањата покажуваат дека луѓето во подоцнежниот живот имаат поголема самодоверба и тоа многу се чувствува и во спалната соба.

Имено, резултатите од една неодамнешна студија на порталот за запознавање Лумен, покажаа дека луѓето постари од педесет години на таа возраст го доживуваат највозбудливиот секс во животот.

Причината за тоа е нивната самодоверба, со која имаат храброст да испробуваат нови пози и игри, неоптоварени со изглед и „неуспеси“, кои ги доведуваат до возбуда и најдобри сексуални односи што ги имале во животот.

Се покажа и дека луѓето на оваа возраст имаат повеќе време да ги испробаат новитети кога е сексот во прашање, бидејќи нивните деца дотогаш се поголеми и повозрасни, а нивните работни места одамна се воспоставени.