Кина вчера регистрираше 17.909 случаи со ковид-19, а од нив 1.661 со и 16.248 без симптоми, јавија дел од британските медиуми, повикувајќи се на кинеската државна здравствена комисија.

Ден претходно беа евидентирани 16.203 нови заразени лица, од кои 1.794 со и 14.409 без симптоми. Со исклучок на заразата внесена однадвор, Кина забележа 17.772 локални случаи, а од нив 1.621 со и 16.151 без симптоми.

Нема регистрирано нови смртни случаи, па така бројот на починати лица со ковид-19 останува 5.226, како и претходниот ден. Кина до вчера потврди 275.420 случаи на инфекции со симптоми.

Кинескиот главен град Пекинг соопшти за 303 со и 159 случаи без симптоми за изминатото деноноќие.

Јужниот град Гуангжу, каде живеат околу 19 милиони луѓе, потврди 147 заразени локални лица кои имале сиптоми и 4.977 случаи без никаков симптом.

Чонгкинг соопшти за 157 локални случаи на коронавирус со и 2.794 без симптоми.

ИЗВОРНова Македонија
претходниот член,Втемелувач на македонската портретна скулптура
Следната статијаВМРО-ДПМНЕ бара отчет од Арсовска за сработеното

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде