Израел бележи пораст на нови случаи од крајот на јуни поради делта варијанта на вирусот што се шири низ целата земја.

Министерството за здравство објави 7.870 нови случаи на инфекција „Ковид-19“ во вторникот, малку помалку отколку во понеделникот, кога беше регистриран шестмесечен рекорд од 8.752 нови случаи.

Повеќе од 120 луѓе починаа откако беа заразени со вирусот во изминатата недела – двојно повеќе од месечниот број забележан во јули, а 600 луѓе се во сериозна или критична состојба и се хоспитализирани.

Владата се обидува да го потисне наглото зголемување на бројот на заразени со враќање на мерките што беа укинати кон средината на јуни, но и со враќање на т.н. зелен премин што покажува дали некој е целосно вакциниран, неодамна се заразил со ковид или бил негативен за вирусот во последните 24 часа.

Приближно еден милион жители, или околу 11% од населението, кои не се вакцинирани, ќе треба да платат за сопствени тестови.