Во еврозоната се очекува годишната инфлација во ноември да изнесува 4,9 отсто, што е значително зголемување во однос на октомври кога изнесуваше 4,1 отсто, покажува денешната блиска проценка на Евростат.

Најголем годишен пораст на цените се очекува во енергетскиот сектор од околу 27 отсто, додека во октомври скокот бил 23,7 отсто.

По енергетиката следат услугите со поскапување од 2,7 отсто (минатиот месец растот беше 2,1 отсто).

Цените на неенергетските индустриски производи ќе пораснат за 2,4 отсто (скок од октомвриските два отсто).

Цените на тутунот, храната и алкохолот ќе поскапат за 2,2 отсто во однос на октомври кога растот беше 2,1 отсто.