Ние кои сме учеле дека Бугарија БИЛА фашистички окупатор, немаме проблем што Бугарија БИЛА фашистички окупатор, туку со тоа што Бугарија СЕГА е фашистички окупатор.
Ако од учебниците се избриши фашистички окупатор и од сите споменици од НОБ, дали тоа значи дека Бугарија по автоматизам престанува да биде фашистички окупатор?
Добро еве хипотетички го бришеме фактот дека Бугарија БИЛА фашистички окупатор, но што правиме со тоа што Бугарија СЕГА е фашистички окупатор на Македонија?
Навистина е за срамота да се биде фашист, ја разбирам потребата Бугарите да го негираат тоа, ама кој нема образ се срами од газот, па сега се македонските учебници тие кои ги фашизираат Бугарите, а не нивните постапки.
Етничко чистење на својствата на еден народ не е ништо друго освен фашизам, кој секако нема кој да го осуди, бидејќи современата ЕУ е дувло на фашисти и нацисти кои наместо физички да лишуваат од смрт, ги оставаат луѓето во Македонија без својства.
Прво ни забранија да се викаме Македонија, сега ни забрануваат да бидеме Македонци и да зборуваме на македонски.
Океј како и да е, како и да се вика оваа јебена држава у која живееме, како и да се нарекува мојата националност, како и да го нарекувате јазикот на кој зборувам, НЕ МОЖЕТЕ ДА МИ ГО ДЕТЕРМИНИРАТЕ ЧУВСТВОТО НА ПРИПАДНОСТ.
Јас точно знам дека не сум, за жива среќа, Бугарка, не сум Србинка, не сум Албанка, не сум Германка, не сум Турчинка, не сум тоа што сте вие кои ме негирате.
Тоа добро го знаеле и моите предци, имам уште живи сведоци од тоа време.
Добро паметат моите баби како бугарските војници им краделе храна и ги тепале толку многу што недела дена по тоа од кревет не станувале.
Нели е океј да си прашаме ЕУ делегати, дечки зашто Бугарија која нема закон за малцинства во 21 век и во која сите се Бугари со самото тоа што се родени во територијалните граници на Бугарија, меѓудругото ни става нам вето поради нашиот тобоже лош однос кон бугарското малцинство во Македонија?
Сите ги бришат националностите од пописните графи, само во Македонија растат, да можеме и како Антарктичани ќе се попишеме само да им се допаднеме на современите фашистички окупатори.
Сите во Македонија сакаат да станат Европејци, ама услов да станеш Европеец е да станеш Бугарин.
Оние, пак, кои живеат во Македонија за да преживеат во неа, мора прво да бидат Албанци, Турци, Срби или Роми.
Нека не се грижат од заедницата на Ромите што во дигитален речник сме ги нарекле Цигани, за некоја година самите себе ќе се наречеме Цигани за да добиеме некое местенце по Рамковен договор. После Ромите за нас може да кажат дека сме поголеми Цигани и од нив.
Одамна веќе не е чудно новиот колега на работа да е Албанец а да се вика Коста Стојанов.
Во Македонија ништо веќе не е чудно, маката ни е само да избереме што сакаме да бидеме – Бугари или Срби.
Не знам зашто уопште се буниме ние, луѓето ги детерминира националноста од раѓање, а ние имаме МОЖНОСТ ЗА ИЗБОР човече. Ние живееме нечиј сон – да имаме право на избор за нашата националност.
На сите малцинства да им се загрозени правата како што им се во Македонија, малцинствата во Бугарија, тоа ќе го сметаат за благослов.
На Бугарија и е местото во ЕУ, ако е ЕУ дувлото на фашизмот и не и пречи однесувањето на Бугарија, тогаш зошто би глумеле дека стенкаме на принуден секс од ЕУ и со петни жили се трудиме да ги претставиме како најпосакувана дестинација на сите можни и актуелни светови?!
Ги еб*ме и ги лажеме дека ќе ги земеме, е генералнот став на ЕУ кон нас.
Што се однесува до Европјаните во Македонија, нив веќе им е сеедно што се, тие немаат ни сегашност, ни минато, ако не ја чекаат таа иднина како што се чека Годо, тогаш и нема што да изгубат.
Може само да добијат сутра, или евентуално мало сутра!
Автор: Магдалена Стојмановиќ