Поради економската криза во земјата, многу од дестинациите за одмор во Грција станале исклучително скапи, толку многу што ниту просечен Грк не може да си дозволи да патува во својата земја.

Слично како и во многу делови од светот, стапката на инфлација во Грција се зголемила на најмногу во речиси последните 30-на години, што веројатно придонело до големиот раст на цените за патување, пренесува „Б92“.

Стапката на инфлација во Грција само во месец мај достигнала 11,3 отсто, што е повеќе од 10,2 отсто во април и 0,1 отсто во мај минатата година, покажуваат податоците кои ги објавил грчки статистички орган.

Иако цените на хотелските соби, автомобилите за изнајмување и другите важни аспекти за патувањето го достигнале максимумот ширум Грција, особено на грчките острови, тие веројатно само ќе растат.

Својот врв веројатно ќе го достигнат во август, кога поголем дел од Грците одат на летни одмори, па островите се полни со туристи од земјата и од странство.

Додека во минатото многу од луѓето без проблем го резервирале својот престој за август во текот на летото, цените толку многу се зголемиле што луѓето кои не планирале патувања останале „заглавени“.

На многу од популарните острови, како што се Миконос и Санторини, невозможно е да најдете сместување за помалку од 100 евра од една вечер. Минималната плата за вработен со полно работно време во Грција изнесува малку повеќе од 700 евра.