Кога ќе напишете 241543903 во Google и ќе дојдете до слики на кои ќе видите еден куп фотографии од луѓе кои ги туркаат главите во фрижидерите.

Вакви по малку бизарни и небулозни фотографии се направени во 2009 година, кога Дејвид Хоровиц, уметник од Њујорк кој го водел „Тамблр“, им дал необична задача на своите следбеници.

Сликајте се со главата во фрижидер, а фотографијата означете ја со бројот 241543903 – беше задачата.
Хоровиц објави дури и книга за неговите совети и идеи.

Оваа серија на броеви е всушност комбинација од серискиот број на фрижидерот и пакетчињата замрзнати тестенини што ги чувал во него.