Владата, на предлог на Министерството за економија, донесе Одлука за определување највисоки цени на одделни производи во трговијата на мало, конкретно на огревно дрво од даб; огревно дрво од бука и пелети за огрев.

Највисоките цени на огревното дрво од даб и бука се утврдени во висина до 4.500,00 денари за метар просторен (мпр) односно до 6.429,00 денари за метар кубен (м3).

Владата притоа донесе Одлука за престанување на важноста на одлуката за посебни услови во трговијата на мало, со којашто беше замрзната маржата на огревно дрво од даб и од бука и пелети за огрев за сите трговци во висина најмногу до 10%.

ИЗВОРВработување
претходниот член,Идната година становите ќе поевтинат за 10%
Следната статијаРаботат по 84 часа неделно и спијат на работа – Сите промени на Твитер откако Маск се приклучи на компанијата

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде