Зголемените температури предизвикани од климатските промени го намалуваат времето на спиење на луѓето ширум светот, а проблемот значително ќе се влоши до крајот на векот доколку човештвото не успее да ги ограничи емисиите на јаглерод диоксид, покажа една неодамнешна студија објавена во списанието One Earth.

До овој заклучок дошол тим на истражувачи, предводени од Келтон Минор од Универзитетот во Копенхаген. Помеѓу 2015 и 2017 година, тие собрале податоци од нараквици за следење на спиењето што ги користеле над 47.000 луѓе во 68 земји, пишува Klima101.

Собраните податоци за спиење беа споредени со локалните временски податоци. Резултатите покажаа дека невообичаено топлите ноќи, оние над 30 ° C, предизвикуваат луѓето да спијат околу 14 минути пократко во просек.

Студијата покажа дека просечниот граѓанин на светот веќе губи 44 часа сон годишно. Ова губење на сон е поврзано со фактот дека човечкото тело треба да се олади пред да заспие, но станува потешко кога е премногу топло.

Комбинирањето на податоците со различни климатски сценарија покажува дека до крајот на 2099 година, времето на изгубен сон би можело да се зголеми на 50 до 58 часа годишно.

Веројатноста дека сонот ќе трае помалку од оптималните седум часа, исто така се зголемува со зголемувањето на температурата.