Visa и MasterCard ги суспендираа сите операции во Русија.

Голем број компании, пак, ја прекинуваат работата во Русија – една од нив е Зара, познат бренд за облека, кој затвора повеќе од 500 продавници во земјата, додека технолошкиот гигант Самсунг ги прекина испораките.

Русија усвои закон со кој ширењето лажни вести за руската армија се карактеризира како кривично дело, додека други прописи предвидуваат изрекување затворски казни за повикување на воведување санкции кон Русија.