Сабота: Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено во западните и јужните делови. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.

Минималната дневна температура во Скопје ќе изнесува 5 степени, а максималната ќе достигне 14 степени.

Недела: Променливо облачно, попладне со врнежи од дожд кои локално ќе бидат пообилни и поројни. На повисоките планини на северозапад врнежите ќе преминуваат во снег.

Ќе дува умерен до засилен, а повремено и силен ветер од јужен правец.

Минималната дневна температура во Скопје ќе изнесува 5 степени, а максималната ќе достигне високи 16 степени.