Сабота: Претпладне сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Од пладневните часови ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а на места ќе има услови за појава на невреме со град. УВ индексот ќе изнесува 8 мерни единици. Минималната дневна температура ќе биде 20, а максималната ќе достигне 36 степени.

Недела: Претпладне сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а на места ќе има услови за појава на невреме со појава на град и силен ветер. УВ индексот ќе изнесува 9 мерни единици. Минималната дневна температура ќе изнесува 20, а максималната 36 степени.