Сабота: Утрото постудено, преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец.

Минимална дневна температура во Скопје ќе изнесува 6, а максимална 22 степени.

Недела: Утрото постудено, преку денот сончево и потопло со мала локална облачност. Ќе дува слаб јужен ветер.

Минимална дневна температура ќе се движи од 3 до 10 степени, а максималната дневна од 20 до 25 степени.