Времето денеска ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд.

Попладне на места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Минималната дневна температура во Скопје ќе изнесува 9, а максималната ќе достигне 20 степени.

Во недела, на Први мај не очекува дождливо време со значителен пад на дневните температури.

Минималната дневна температура на територија на Македонија ќе се движи од 4 до 11 степени, а максималната ќе достигне од 14 до 19 степени.