Ги известуваме корисниците на нашите услуги дека во пресрет на Денот на трудот 1 Мај и верскиот празник Рамазан Бајрам на 2 мај, на зонските паркиралишта со кои стопанисува ЈП Градски паркинг- Скопје нема да се врши наплата во недела 01.5.2022 и понеделник 02.5.2022 год.

Со редовна работа и наплата ќе работат двете катни гаражи: „Беко“ и „26ти Јули“ и јавните паркиралишта: Кочо Рацин, Треска, Градска Болница и клинички центар Мајка Тереза, стои во соопштението на ЈП Градски Паркинг – Скопје.

Тие на сите граѓани им го честитаат Денот на трудот 1 Мај, а на сите припадници на муслиманска вероисповед им го честитаат празникот Рамазан Бајрам.

ИЗВОРВработување
претходниот член,Зошто јодот е еден од најважните елементи за здравјето
Следната статијаВикенд временска прогноза: Еве какво време не очекува за Први мај

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде