Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска слаба магла. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 9, а максималната ќе достигне од 20 до 26 степени.

Во Скопје сончево со мала облачност. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 24 степени.

До понеделник ќе се задржи стабилно време со ниски утрински и релативно високи дневни температури. Во деновите од викендот по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба утринска магла. Во вторник ќе настапи зголемување на облачноста со локални врнежи од дожд.