Во Велика Британија следната недела стапуваат во сила промените на законот со кои е предвидено возач што во сообраќајна несреќа усмртил друго лице би можел да биде осуден на доживотен затвор.

Измените на Законот за полиција, криминалитет, казни и судови стапуваат во сила на 28 јуни.

Предвидено е судиите да можат да изречат доживотни казни за опасните возачи кои убиле некого во сообраќајот и возачите кои тоа го сториле под дејство на дрога и на алкохол. Максималната казна за оние кои кријат сообраќајна несреќа со смртни последици моментално е 14 години.

Зголемувањето на казните ќе се однесува на прекршоци во Англија, Шкотска и Велс, но не и во Северна Ирска, која има посебни закони за безбедност на патиштата.

ИЗВОРНова Македонија
претходниот член,Овие бои на алиштата ги привлекуваат мувите и комарците
Следната статијаТрговците од туристичките места ќе можат да работат и во недела

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде