Променливо облачно со сончеви периоди. Претежно во планинските подрачја ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб јужен, а во западните делови умерен западен ветер.

Минималната дневна температура во Скопје ќе биде 4, максималната ќе достигне 14 степени.

Слично време ќе се задржи до крајот на неделата, со благо постепено покачување на температурите почнувајќи од утре.