Вечерва во 19ч. пред Владата на Македонија ќе се одржи масовен сенароден простест против најавата за одлуката за прифаќање на францускиот предлог за решавање на спорот помеѓу Бугарија и Македонија.

На вчерашната прес-конференција владините претставници на чело со премиерот Димитар Ковачевски го оценија предлогот како прифатлив и како историска шанса да се стави крај на отворените прашања помеѓу Софија и Скопје.

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, истакна дека МНР ќе испрати официјален апел до владата да го прифати францускиот предлог и тој да побара отпочнување на преговорите со Бугарија во најкус можен рок.

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ повика на протест пред владата, оценувајќи го предлогот на Франција како штетен за македонските национални интереси. Опозициската партија „Левица“ исто така, најави остри реакции на идејата за прифаќање на франускиот предлог.

Протести на граѓаните пред владата се одржаа и вчера, но за вечерва е закажан помасовен протест поддржан од голем број граѓански организации и политички партии.