Започна вакцинирањето против сезонски грип годинава. Здравствените власти препорачуваат особено повозрасните лица да се подложат на вакцинирање поради опасноста не само од сезонскиот грип, туку и од пандемијата со корона вирусот која при инфекција може да предизвика слични симптоми.

Со цел да не дојде до мешање на симптомите и побрзо детектирање на корона вирусот, здравствените власти препорачуваат да се елиминираат можностите за зараза со сезонски грип.

Започнува вакцинацијата против сезонски грип. Граѓаните можат да закажат термини за бесплатно вакцинирање преку својот матичен лекар. Оваа година, за бесплатно вакцинирање се набавени 40.000 дози вакцини, 12.000 повеќе споредено со минатата сезона – објави министерот за здравство на својот фејсбук профил.