На социјалните мрежи вчера се појавија фотографии од медицинска сестра која правела „селфи“ при што задолжително ги фотографирала и пациентите на болничките кревети кои умираат. 

Се претпоставува дека медицинската сестра која на тој начин ја славела смртта на своите пациенти е вработена во Министерството за здравство во Македонија, но досега овие наводи не се официјално потврдени.

Реакциите на социјалните мрежи се реакции на згрозеност и ужасеност, а граѓаните на Македонија ги повикуваат здравствените власти да го проверат идентитетот на оваа медицинска сестра и да ја санкционираат.