Доколку и вие имате проблем со рано станување, прочитајте во продложение како да си го олесните.

Направете си план за утрата

Разбудете се, вежбајте и јадете во исто време секој ден. Најчесто проблемите со станувањето рано наутро се јавуваат поради викендите и одморите.

Затоа, потребно е и за викендите да станувате рано, дури и кога сте останале до подоцна претходната ноќ.

Користете паметен аларм

Секое утро, користете различна музика за будење и симнете посебна апликација којашто нема класиченo snoozе копче коешто ќе ви дозволи да поспиете уште 5 минути.

Наместо алармот што го имате во телефонот, симнете Smart Alarm или Math Alarm.

Не спијте со затемнети ролетни

Доколку собата во којашто се будите е темна, ова ќе му прати сигнал на вашиот мозок дека уште не е време за будење.

Собата наутро треба да биде осветлена од утринското сонце.

Вежбајте

Вежбањето наутро му помага на телото да се разбуди. Затоа, важно е да одвоите време да трчате, да возите велосипед или да го прошетате кучето.

Доколку и тоа е невозможно вежбајте неколку минути во домот.

 

ИЗВОРВработување
претходниот член,Австриски психијатар Виктор Франкл ни одговара: Зошто не се самоубивме?!
Следната статијаСрбија прва по број на нови инфекции во Европа, Македонија прва по стапка на смртност

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде