Шестмесечната програма ќе им овозможи на компаниите да работат 32 часа неделно, а притоа надоместоците и бенефициите за вработените да останат непроменети

Пробата за четиридневната работна недела во Велика Британија ќе започне во јуни, а во неа ќе учествуваат 30-тина компании кои досега се пријавиле.

Шестмесечната програма ќе им овозможи на компаниите да работат 32 часа неделно, а притоа надоместоците и бенефициите за вработените да останат непроменети.

Компаниите може да бараат од вработените да прераспределат 32 часа работа на пет дена

Префрлувањето на четиридневна недела би било корисно за компаниите, вели Џо Рајл, директор на кампањата за четиридневна работна недела во Велика Британија.

Истражувањата покажаа дека продуктивноста се подобрува, а и работниците се чувствуваат подобро – посочи тој.Пробата во Обединетото Кралство е една од неколкуте слични што ги применува „4 Day Week Global“ низ светот, со цел работната недела да биде пократка.

Слични програми треба да започнат и во САД и Ирска, а се планира оваа програма да се тестира и во Канада, Австралија и Нов Зеланд, рече Рајл.

 

ИЗВОРРаботник.мк
претходниот член,Вработените не смеат да ја гледаат компанијата како семејство – Токсично е
Следната статијаТри парчиња од гардеробата кои никогаш не се перат во машина за перење

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде