Сонувам Западен Балкан да биде дел од Европската унија, беше една од пораките на Урсула фон дер Лејен, претседателката на Европската комисија за време на нејзината турнеја низ Западен Балкан.

Посетата дојде во време на нови спорови меѓу Белград и Приштина за слободата на движење, односно регистарски таблички за автомобили и блокада на два премини меѓу Србија и Косово и зголемени тензии.

Сите сме многу загрижени за актуелната криза, но убеденa сум дека може да има деескалација и одржливо решение.