Ова не е штрајк, ова е уцена од страна на оние на кои во описот на работното место им стои дека треба да се грижат, да ги воспитуваат и образуваат нашите деца.
По примерот на оние кои треба да бидат модел на секој од нас, од утре пожарникарите не треба да реагираат доколку избувне пожар, полицијата не треба да реагира на насилство, екипите на брза помош не треба да реагираат во случај на несреќа…. Секој има легитимно право да го искаже своето незадоволство и да реагира, но го подржувам само ако е на начин на кој нема директно да им штети на оние за кои постои.
За жал сето ова е на штета на учениците кои немаа квалитетно образование во услови на пандемија, дел од нив пред упис во средни училишта и факултети.