Турција, Шведска и Финска денеска потпишаа меморандум за процесот на приклучување на Шведска и Финска во НАТО, јавува Анадолија.

Меморандумот го потпишаа турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу и неговите колеги од Финска и Шведска, Пека Хависто и Ана Линде.

На потпишувањето присуствуваа турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, финскиот претседател Саули Нинисто и шведската премиерка Магалена Андерсон.

Меморандумот беше потпишан во центарот ИФЕМА во Мадрид, каде се одржаа средби во рамките на Самитот на НАТО.

Детали од меморандумот засега не се објавени.

ИЗВОРНова Македонија
претходниот член,Како интуицијата ви зборува?
Следната статијаСо започнување на новата туристичка сезона, Албанија се справува со експанзија на нови случаи на ковид

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде