Во последното деноноќие во Албанија потврдени се 550 нови случаи со ковид-19 што е двојно повисока бројка од оние во изминатите денови и е највисока бројка во последните три месеца.

Се зголемува бројот на новозаразени. Во последните 24 часа од направените 1.537 тестови вирусот е потврден кај 550 или 35,8 отсто од тестираните. Регистриран е еден починат а на болнички третман се 19 пациенти – соопшти министерството за здравство и социјална заштита.

Министерството го повторува апелот граѓаните да се вакцинираат, да се повнимателни, посебно во периодот кој следува кога се зголемуваат контактите поради движењето во летната сезона.

Потсетува дека секое лице над 12- годишна возраст може да се имунизира во сите здравствени установи.

Официјалната статистика потврдува дека до сега во земјата се направени 1.846.098 тестови, позитивен резултат е добиен кај 279.717лица, закрепнале 274.054, активни на болеста се 2.164 а починале 3.499 лица.

ИЗВОРНова Македонија
претходниот член,Турција им даде зелено светло на Финска и Шведска за членство во НАТО
Следната статијаМакедонија меѓу најскапите земји од регионот за храна и пијалоци

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде