Американскиот колеџ за акушери и гинеколози (ACOG) денес објави дека за бремени жени и мајки кои сакаат да се вакцинираат против ковид, најдобро е да го сторат тоа со вакцината Fајзер / Бионтех или Модерна, наместо со вакцината Џонсон и Џонсон.

Објавувањето ги следи упатствата на Центарот за контрола и превенција на болести (ЦДЦ), кој препорача прекин на администрацијата на вакцините Џонсон и Џонсон, поради можното формирање на тромби, објави Си-Ен-Ен.

Во овој момент, нема јасен профил на жени кои би можеле да имаат толку исклучително ретка компликација. Сепак, сè додека работите не станат појасни, важно е да се охрабруваат бремени жени и мајки кои сакаат да бидат вакцинирани да изберат вакцини против mRNA – Фајзер или Модерна – се наведува во соопштението на ACOG.

Нивната изјава додава дека луѓето кои биле вакцинирани со вакцина Џонсон и Џонсон во претходните три недели треба да побараат итна медицинска помош во случај да имаат силна главоболка, болка во стомакот, нозете, отежнато дишење.