Секоја типологија ги нагласува општите карактеристики и сличности на поединечни случаи и понекогаш може да е непотполна.

Сепак таа служи како компас подобро да се препознаат и класифицираат луѓето, настаните и појавите.

Типологијата на карактери ќе ви помогне да го создадете првиот впечаток за луѓето, а потоа да го расчлените запознавајќи ги индивидуалните посебности.

Ние ви предлагаме типологија на жени, во три категории:

  • Пеплашка 

Пепелашка е жена која својот живот го претставува како долго саможртвување.

Жените кои сакаат да се презентираат како „жртви“ во очите на другите, не живеат од љубов, ниту од почитување, туку од чисто сожалување на другите.

Тие се махери во создавање на чувство на вина и грижа кај другите и буквално паразитираат на туѓата добра волја и човечност преку таа своја приказна.

Жените Пепелашки, сметаат дека среќата на животот може да се сведе на една случка или една средба со „вистинската личност“ која ќе ги избави од нивниот „пекол“.

Тие апсурдно чекаат подобро утре за кое не се подготвени навистина да се жртвуваат и посветат.

Пепелашките не се жртви на сопствените избори и одлуки, туку на туѓите. Буквално се како предмети со кои можете да се разменувате на пазар.

Често, работите ги гледаат низ материјалистичка призма и нивниот нагон за преживување ги постварува сите предмети околу.

Типични фрази на Пепелашките: „Сум ти родила деца“, „Сум изградила се за тебе“, „Ти се посветив целосно“, „Ти го одржувам домаќинството“ и сл.

Пепелашките преку такви фрази женскиот род го презенираат како машина за производство на месо.

Своите деца ги презентираат како деца на мажот, своето останување во заедница го презентираат како услуга за појакиот пол.

Всушност создаваат толку големо чувство на задолжување поради што мажите најчесто остануваат долго со нив и покрај тоа што ниту ги сакаат, ниту ги почитуваат.

Ако сте имале барем една Пепелашка во животот веројатно, ви требало многу време да се „откачите од неа“.

woman with her hand on cheek

  • Амазонка 

Во детството ги викавме „машка сестра“, а почесто можете да ја видите во друштво на мажи, бидејќи покрај жените не се чувствува рамноправна, таа секогаш доминира.

Амазонките имаат преголема потреба да се прикажат како моќни, силни и автономни жени, а на мажите тоа може да им изгледа прегрубо.

Многу често ги мешаат со „мажомрзки“ и бегаат подалеку од нив.

Во суштина Амазонките, манипулираат со сликата за себе, но за разлика од Пепелашката која сака да се прикаже помала од тоа што реално е, за да биде заштитена, Амазонката ќе се прикаже како поголема од тоа што е и нема да прифати никаква заштита.

Амазонката обично се бори сама и се гордее што своите достигнувања може да ги припише на себе.

Но, за разлика од Пепелашката која ги симулира емоциите и плаче и тогаш кога не и се плаче, Амазонката ќе ги потиснува своите емоции до бесконечност.

Таа не може да глуми дека ги има, но може да глуми дека ги нема.

За вкус на мажите е преладна, затоа често е сама и осамена.

woman in blue bralette holding sunglasses putting on her eyes

  • Мајка Тереза 

Сигурно сте сретнале жена која на сите им се обраќа со „душо“, „сине“ и други милни зборови.

Мајка Тереза ќе го сфати како животен позив да ви го сошие скинатото копче на блузата, со задоволство ќе ве послужи со пијалок и ќе разговара со вас за секоја тема.

Таа е премногу социјална, вклучена во проблемите на другите луѓе од преголема потреба да се прикаже како хуманитарец и како човек кој е важен за другите.

Нејзиниот социјален распон е многу голем, па таа не може својата љубов и грижа да ја концентрира само на потесен круг и на семејството.

Напротив, таа е и пријателка на сите и сите ги третира како што си го третира и семејството.

Претераната грижа на Мајка Тереза ги одбива мажите од неа. Но сепак мажите потајно се восхитуваат на човечките особини на овој тип на жени.

Восхитот може да ги одржи во стабилна и долга заедница со Мајка Тереза, особено ако мажот е помалку социјален и помалку ангажиран насекаде.

woman's face