Токсините ги внесуваме во телото на различни начини, а некои од нив се неизбежни.

Меѓу другото, загадувањето на воздухот може да биде еден од виновниците, но и храната и пијалокот!

Јасно е дека внесуваме различни токсини, но она што е подеднакво важно е да можеме да препознаеме дека токсините се наталожиле во телото, а тоа се манифестира со овие симптоми.

  • Несоница

Несоницата е една од главните последици од акумулацијата на токсините во телото.

Доколку постојано имате проблеми со сонот, добро би било да го проверите здравјето на црниот дроб, бидејќи несоницата често се поврзува со проблеми во работата на тој орган.

Црниот дроб вообичаено ги неутрализира токсините, па може да ви помогне да додадете храна богата со сулфур во вашата исхрана, особено лук.

  • Главоболки

Постојаните и хронични главоболки може да бидат знак дека имате премногу токсини во телото.

Згора на тоа, наталожените токсини во телото се една од најчестите причини за главоболка, затоа внимавајте.

  • Летаргија

Доколку се чувствувате летаргично, не би било лошо да размислите за детоксикација.

Најдоброто нешто што можете да направите е да јадете повеќе овошје и зеленчук, но пред се храна богата со витамин Б, бидејќи тој е многу важен за менталните функции како концентрацијата и меморијата.