Себичните луѓе се справуваат со егоцентричност. Тие имаат обликувана перцепција која ги ограничува во споредба со другите луѓе.
Имено имаат тенденција да „гледаат на нештата“ само низ сопствената перспектива. Нивното его е почетна и крајна точка на сите разговори.
Себичните луѓе не секогаш имаат зли намери, но се многу дефанзивни и одмаздољубиви доколку се почувстуваат навредено или повредено.
Тие исто така може да бидат досадни, монотони, цицачи на енергија, но и бесчувствителни кога станува збор за туѓо искуство.
Себичните луѓе се вистински товар во вашиот живот и затоа треба да ги избегнувате.
Ние ви даваме предлог како што порано да ги препознаете и се ослободите од нив:
- Постојано зборуваат за себе
Тие ги имаат и најубавите и најлошите животни искуства и може да се најдат во секоја тема само за да го водат разговорот во посакуван правец.
Понекогаш своите животни искуства ги пренагласуваат или измислуваат само да можат да бидат постојано присутни во разговорот што се води во друштвото.
Поради таа своја потреба постојано да зборуваат за себе и да го држат главниот збор на маса, луѓето се чувствуваат како да се дојдени на театарска претстава или монодрама.
- Не се добри слушатели
Се е добро додека тие го имаат главниот збор, кога ќе се почувствуваат дека паѓаат во сенка и дека некој доаѓа повеќе до израз, тие или го напуштаат друштвото или почнуваат да се досадуваат, прозеваат, гледаат во своите телефони.
Себичните луѓе не се подготвени да го жртвуваат своето време и енергија за никој друг освен за себе.
Но и тоа како сакаат публика бидејќи вашето време и вашата енергија им го билда нивното его и чувство на важност.
- Прават драми за подоцна да ги решаваат
Себичните луѓе се крајно инфантилни и незрели. Тие прво ќе направат драма, а потоа тие ќе се воспостават како главни херои кои спасуваат ситуација.
Тие знаат да испровоцираат конфликт, да нападнат некој без причина и да развијат случка бидејќи така гледаат прилика себе да се истакнат во прв плат решавајќи го конфликтот.
На пример тие ќе почнат кавга и ќе оставаат други да ја водат кавгата место нив за подоцна тие со смирувачки тон да ги смируваат „завојуваните страни“ на конфликтот и да се претстават себе како доброчинители.
- Брзо се лутат
Ако почнете да им укажувате на некои недостатоци, да им давате сугестии или едноставно да го кажете вашето мислење за нив кое не е во суперлатив, бидете подготвени да се соочите со ураган.
Себичните луѓе не се подготвени да трпат критики и се прикажуваат со лажен степен на супериорност.
Во суштина се многу несигурни, ранливи и исплашени, а тоа што го прикажуваат е обратна психологија која им служи како одбрамбен механизам.
Автор: Магдалена Стојмановиќ