Млечните производи со здрави бактерии ги регулираат активностите во мозокот одговорни за болка и емоции, затоа пробиотиците ги намалуваат симптомите на депресија и служат како превенција, според американските научници.

Пробиотиците кои се наоѓаат во јогуртот можат да го подобрат расположението, бидејќи влијаат на деловите од мозокот одговорни за управување со емоциите и чувството на болка, тврдат научниците од Универзитетот во Лос Анџелес.

Откриле дека луѓето кои пијат јогурт со пробиотици двапати на ден имаат изменета функција на мозокот, пишува Daily Mail.

Во студијата, на жени на возраст од 18 до 53 години им бил даден јогурт двапати на ден во текот на еден месец, а нивните мозоци биле скенирани со магнетна резонанца.

Тие беа поделени во три групи, од кои првата пиеше јогурт со живи бактериски култури како што се Bifidobacterium animalis, Streptococcus thermophilus и Lactobacillus bulgaricus, втората група јадеше млечни производи без живи бактериски култури, а третата воопшто не земаше млечни производи.

Резултатите од истражувањето покажаа дека пробиотиците ја намалуваат активноста во мозокот, кој го вклучува соматосензорниот кортекс, како и во префронталниот кортекс, кој е одговорен за сознанието и емоциите.

Механизмите одговорни за овие промени не се разјаснети, но очигледно е дека добрите бактерии во дигестивниот систем испраќаат молекуларни сигнали до мозокот.

Она што го јадеме влијае на начинот на функционирање и неверојатно е што може дури и да го промени нашето расположение. Така, јогуртот штити од депресија, додека типична западна храна богата со маснотии и шеќер го прави спротивното, изјави водачот на студијата, д-р Емеран Мејер.