Доколку сте здрава личност, но земате суплементи – протеини, винамини или минерали, редно е да се запрашате дали тоа треба да го правите секој ден?
Вистината е дека секојдневното внесување на додатоци во исхраната за здрав човек може да предизвика негативни здравствени последици.
На пример ако пиете витамини што се растворливи во вода, а не испиете доволно вода, се изложувате на опасност од камен во бубрег.
Еве во кои случаи треба да земате витаминска терапија:
- Ако ви е препишана од лекар
Во случај на недостаток на некој витамин или минерал, лекарот е тој што ќе ви препише витаминска терапија, никако немојте да земате витамини на своја рака.
- Во случај на здравствен проблем
Доколку сте изморени, имате зголемена физичка активност во текот на еден ден или едноставно сте мамурни, добро е да ја зголемите дозата на витамин Ц или Д.
Но внимавајте да не го правите тоа постојано.
- Внесувајте ги витамините и минералите преку храна
Најсигурен начин витамините да се апсорбираат правилно е доколку ги внесувате преку исхраната.
Доколку имате недостаток на некој витамин или минерал, обидете се да внесете повеќе храна која изобилува со конкретниот витамин или минерал.