Американскиот претседател им се обрати на собраните во Белата куќа, велејќи им дека победил и дека се подготвува за голема прослава.

Трамп се појави на сцената со првата дама Меланија Трамп и беше пречекан со аплаузи.

Сега гледаме дека многу тажна група луѓе се обидува да ги дискредитира резултатите. Се подготвуваме за голема прослава, граѓаните излегоа во рекорден број – рече Трамп.

Тој додаде дека не очекувале победи во некои држави и додаде дека извојувале големи победи во Охајо, Џорџија, Северна Каролина и многу други.