Американскиот претседател Доналд Трамп уште еднаш тврди дека изборните резултати во Пенсилванија биле наместени и дека тој победил во таа сојузна држава, доведувајќи ја во прашање регуларноста на над еден милион гласови.

Од никаде излегоа 1.126.940 гласови. Убедливо победив во Пенсилванија. Гласовите во Пенсилванија се наместени. Светот гледа!, Напиша Трамп на Твитер.