Иако не е многу популарен жанр, научната фантастика се повеќе ги освојува срцата на љубителите на пишаниот збор, па ако читателите почнат да следат научна фантастика малку е веројатно дека ќе се задржат само на еден автор или на една книга. 

Научната фантастика обично има врска со футуризам, преку фикција обработува настани и појави од инината или го репрезентира авторскиот израз за изгледот на човештвото во иднината како резултат на сегашните околности, брзина на прогрес, насока на прогрес, вклучување на перенијални филозофски теми и прашања и сл.

Сите кои се интересираат за постоењето воопшто, за неговата смисла, за позицијата на човекот во универзумот и за оправданоста на човечкото постоење стануваат љубители на научната фантастика. А токму за таквите издвојуваме три книги кои според нас се на топ листата на дела од областа на научната фантастика:

 

Марсовски хроники на Реј Бредбери 

Во делото Марсовски хроники, Бредбери пишува за колонизирање на планетата Марс од страна на жителите на Земјата. Во книгата, Бредбери ја покажува империјалистичката култура и порив на луѓето – да колонизираат и експлоатираат при тоа проткајувајќи длабока критика на конзумеризмот, материјализмот и човечката деструктивна алчност.

Ова дело е напишано во 1950 години, а авторот на книгата добива слава со делото „Фаренхајт 451“ кое е објавено скоро 60 години по Марсовски хроники, поточно во 2009 година.

Неговото име секогаш е на врвот на листата на најзначајните научнофантастични автори на ХХ век, покрај Исак Асимов, Артур Кларк, Роберт Хејнлејн и Станислав Лем.

Пишувал и мјузикли и работел на филмски сценарија – за Моби Дик и Кралот на кралевите, а пишувал и за првата сезона на Зона на самракот. Ги има добиено Светската награда за фанатазија, Стокеровата награда, како и специјалната Пулицерова награда, во 2007 година.

Соларис на Станислав Лем 

Во најпознатото дело, полскиот писател, филозоф и футуролог ја опишува средбата на главниот лик Крис Келвин со екипажот на истражувачката експедиција која слетала претходно на новоткиена планета „Соларис“. Планетата е целосно покриена со вода односно претставува огромен океан во кој живеат „чудни суштества“. Крис Келвин забележува чудно однесување на членовите на екипажот од експедиццијата.

Романот Соларис на Станислав Лем е обид да се објаснат предизвиците на космонаутите сретнати со желбата за истражување на космосот и откривање на нови светови. Колку и желбата да се наиде на нови форми на постоење во вселената да е голема, сепак постојат фактори и услови под кои човекот е предодреден да живее и дејствува. Новата планета нема да му даде нова смисла на човечкиот живот, а нејзиното откривање може да донесе и нови проблеми за човечкото постоење, е заклучокот на Лем.

Романот Соларис има огромно влијание врз уметноста. Најпозната од трите филмски адаптации е онаа на Андреј Тарковски од 1972 година, за која тој ја доби главната награда во Кан.

Марсовец на Енди Вир 

Во романот Марсовец, Енди Вир го опишува животот на астронаутот Марк Ватни од мисијата „Арес“ на Марс. Ватни успева со тешки маки да преживее на Марс и покрај тоа што таму е заборавен со години и не успева да воспостави врска со Земјата.

Марсовец е обид на Енди Вир да покаже дека човечкиот поединечен живот има голема тежина и покрај тоа што за напредокот на човештвото и цивилизацијата, поединечниот живот не се смета важен. Во големата приказна за човештвото, поединечниот живот на космонаутот не се смета за еднакво вреден.

Но тој секако е најнепосредна реалност за малите херои кои се трудат да направат крупен исчекор за човештвото, а во исто време да се одржат во животот дејствувајќи како и сите други луѓе – по инстинкти, предрасуди, желби, стравови и страдања.

Премиерата на филмот Martian, во режија на Ридли Скот, со Мет Дејмон во главната улога, е одржана во ноември 2015 година.