Дали можете да го поминете работното време без да кажете ниеден збор? Тоа не значи дека сте неефикасни, ниту дека не ги сакате колегите.

Најчесто се работи за интровертност или резервираност на работното место.

Ваквите работници сè уште може да бидат дел од тимот, иако постигнуваат подобри резултати кога работат индивидуално.

За жал, понекогаш луѓето имаат погрешно мислење за тивките работници. Ова се седумте најчести митови за нив.Седум митови за тивките работници

Тивките работници немаат што да понудат

Ова е една од најголемите заблуди. Тивките работници не придонесуваат помалку за работната средина, во однос на нивните погласни колеги.

Луѓето често мислат дека тивките работници не се способни да бидат веродостојни извори на знаење или да бидат експерти на некоја организација.

Но, според едно истражување, лидерите најчесто се потпираат на тивките работници затоа што тие си ги знаат своите обврски и секогаш се тука кога им се потребни на колегите.

Тивките работници се срамежливи

Луѓето често претпоставуваат дека тивките работници се срамежливи.

Но, во реалноста, начинот на кој луѓето работат не секогаш е идентичен со начинот на кој тие се однесуваат во приватниот живот.

Ако некој е тивок, не значи дека е и срамежлив. Тоа е знак дека овие личности се интровертни и повеќе сакаат да работат сами затоа што така размислуваат подобро, поефикасни се и постигнуваат подобри резултати.

Седум митови за тивките работници

Тивките работници не се друштвени

За тивките работници се смета дека се антисоцијални и дека имаат само неколку пријатели надвор од работната средина.

Повеќе пати се покажало дека кога тивките работници ќе си заминат од работа, тие стануваат целосна спротивност на она што биле додека работеле.

И додека овие луѓе знаат да бидат резервирани на работното место, нивните пријатели ги сметаат за навистина друштвени.