Темпераментот го означува начинот на емоционалното реагирање на една личност.

Значи пред се, колку лесно, колку често, со кој интензитет и со кое траење се јавуваат емоциите кај човекот.

Под начин на емоционално реагирање подразбираме не само емоции, туку и брзина, силина и траење на сите активности на поединецот.

Затоа би било поточно ако кажеме дека темпераментот е карактеристичен начин на реагирање на единката на различни дразби и ситуации.

Видови на темперамент

Првата класификација на темпераменти ја направил Теофраст, кој бил ученик во „Ликејот“ на Аристотел.

Тој сметал дека сметал дека во организмот течат четири вида течности (жолчка, крв, црна жолчка, слуз), кои се мешаат и во зависност која течност преовладува во организмот таков темперамент ќе има човекот.

  • колеричен (холеа – жолчка), овие лица реагираат брзо, силно, со долго траење на емоциите, на лицето им се гледа што чувствуваат (екстравертно) основна емоција им е лутина и раздразливост.

Поради својата екстравертна природа тие се добри организатори, амбициозни, често сакаат да се „главни” со што ги свртуваат другите против себе,

  • сангвиничен (сангвис – крв) реагираат брзо со слаби реакции кои траат кратко, екстравертно, основна емоција им е веселост и оптимизам.

Активни се, се зафаќаат со многу активности, но не ги довршуваат, лесно воспоставуваат контакти со многу луѓе, но најчесто се површни,

  • меланхоличен (меланхоле – црна жолчка) реагираат многу бавно, но силно и долготрајно, на лицето не им се забележува што чувствуваат (интравертно), основна емоција им е тага и песимизам, настаните длабоко ги преживуваат, тешко воспоставуваат контакти, но кога ќе воспостават тие се вистински пријатели,
  • флегматичен (флегма – слуз) реагираат бавно со слаби реакции, кратко траење на емоциите, манифестацијата е интравертна и основната емоција им е рамнодушност.

Овие лица делуваат спокојно и сталожено.

temperament
Колерик, сангвиник, меланхолик и флагматик. Кој од овие 4 сте вие?

Со оглед дека темпераментот се наследува и има неврофизиолошка основа, вакви чисти типови темпераменти во природата нема.

Луѓето се најчесто со мешан тип. Освен што се наследува темпераментот може и да се контролира и „воспитува“.

На пр. избувливите луѓе научуваат „да избројат до десет“, мирните да ги интензивираат своите чувства и сл.

Контролата врз своите чувства и емоциналната рамнотежа се значајни за човековото однесување.

Исто така празнењето од емотивна напнатост е важен услов за сочувување на здравјето.

 

ИЗВОРВикипедиа / Мој збор
претходниот член,Колку во просек ви треба време да се навикнете на нешто ново?!
Следната статијаДенеска е Иванден, христијански празник на жените и девојчињата!

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде