Тешко на таа нација ако името на Ванчо Михајов им е симбол за култура и во негово име отвараат „културни” центри по странство! Ги потценаа и извалкаа големите историски имиња што заслужуваат многу, многу повеќе да културен клуб во Градот на конзулите, го носи името на симбол на бугарската култура.
Никој ќе немавме против, во името на пријателските односи клубот да се викаше Иван Вазов на пример, или Христо Ботев или било кој(а) со што се гордее бугарската нација. Ќе беше гордост и за Бугарија, а и Македонци ќе го посетуваа. Вака и чесните Бугари се срамат, а и Македонците многу малку ќе го посетуваат.
Ова е срам за бугарската култура и провокација не само кон Македонија, туку воопшто кон антифашизмот.