Бројот на заразени со коронавирус во Африка и во САД се зголемува поради ширењето на подвидот на сојот омикрон на ковид-19, изјави Тедрос Аданом Гебрејесус на денешниот брифинг.
Во светот, извештаите за смртни случаи продолжуваат да се намалуваат, рече тој, додавајќи дека бројот на заразени за една недела во моментов е „најмал“.
Но, овој тренд, иако е восхитувачки, не ја покажува целосната слика. Сведоци сме на зголемување на бројот на заразени во Америка и Африка предизвикани од подвидови на омикрон – предупреди генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО).
Според епидемиолошкиот билтен на СЗО од 4 мај, во неделата од 25 април до 1 мај, во светот се регистрирани 3.893.033 случаи на инфекција со коронавирус и 15.695 смртни случаи. Морбидитетот во светот минатата недела е намален за 17 отсто, а смртноста за три отсто во однос на претходните седум дена.
Процентот на зарази е зголемен во Африка (31 отсто) и Северна и Јужна Америка (13 отсто), додека во останатите четири региони има пад.