Повеќе од 433 000 случаи на коронавирус се регистрирани во претходните 24 часа во светот, со што бројот на пациенти се искачи на 117,33 милиони, објави синоќа Светската здравствена организација (СЗО).

Според СЗО, бројот на смртни случаи се зголемил за повеќе од 7.400 во претходните 24 часа, па повеќе од 2,6 милиони пациенти починале, објави ТАС С.

Северна и Јужна Америка имаат најчесто регистрирани случаи со корона, повеќе од 43 проценти во светот (187.841), следени од Европа (172.812) и на крај Источниот Медитеран (35.772).