Светската здравствена организација сподели листа на навики кои треба да ги зачестиме и оние кои треба да ги редуцираме со цел да го намалиме ризикот од канцер.

Според податоците од СЗО во 2018 година, канцерот им го одземал животот на 9.6 милиони луѓе во светот со што е вториот најголем причинител за смртност во светот.

Со цел намалување на ризикот од канцер, СЗО препорачува:

  • Да не се користат цигари и тутун
  • Да се вежба регуларно и редовно
  • Да се јаде здрава – органска исхрана на растителна база
  • Да се избегнува изложување на Сонце во подолг период
  • Да се намали внесот на алкохол