Светската здравствена организација се уште нема докази дека новиот вид на ковид-19 ќе доведе до зголемена смртност, изјавил еден од директорите на оваа организација, Силви Бријан, за француската БФМ телевизија.

Вирусите се менуваат и ова што сега се случило не е некое изненадување. Со цел да одредиме дали мутацијата ќе има влијание на човековото здравје, ќе мораме да направиме дополнителни истражувања во лабораторија. Во овој момент, не гледаме промена во процентот на смртност – рекла Бријан.

Таа додала дека се потребни истражувања и на темата дали новиот вид на вирус ќе влијае на ефикасноста на вакцината против ковид-19.

Германските научници кои работат на произведување на вакцини против коронавирус тврдат дека новиот тип на вирусот нема да е отпорен на вакцините и дека вакцините секако ќе делуваат во пресрет со новите мутации на вирусот.