Светската здравствена организација денеска ги повика богатите земји да ги преиспитаат плановите за вакцинирање на деца против ковид-19 и наместо тоа да донираат вакцини во ковакс механизмот за сиромашните земји.

Генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејезус предупреди дека втората година од пандемијата ќе биде поубиствена од првата и дека особено Индија предизвикува голема загриженост.

Разбирам зошто некои земји сакаат да ги вакцинираат своите деца и адолесценти, но сега ги повикувам да размислат и наместо тоа да ги донираат вакцините на ковакс механизамот – рече тој на виртуелниот состанок во Женева.