Европските земји се соочуваат со нови дневни рекорди на зараза со ковид-19, а Светската здравствена организација предупредува дека таквата висока стапка може да доведе до половина милион дополнителни смртни случаи до февруари.

Според СЗО, темпото на пренос на вируси во Европа е многу загрижувачко.

„Повторно сме епицентарот. Сегашното темпо на инфекција во 53 земји во европскиот регион е многу загрижувачко. Ако останеме на тој пат, би можеле да имаме уште половина милион смртни случаи предизвикани од Ковид-19 до февруари“, изјави директорот на СЗО за Европа, Ханс Клуге, на видеоконференција, пренесе „Ројтерс“.