Метеоаларм најавува прв посериозен снег во Македонија, заедно со нагло заладување кое се очекува околу Божиќ.
Според метеоролошките модели, студеното време би можело да се задржи и во поголем дел од јануари.
Во пресрет на Св. Никола, во Македонија ќе бидат присутни три временски појави – магла, ниска облачност и слаба слана. Во среда, четврток и петок утрата ќе бидат магливи, со ниска облачност, додека преку ден времето ќе биде од мало до умерено облачно. Во источните делови ќе преовладува облачно време, со појава на слаба росулја. Ветерот ќе биде слаб до умерен, а на одделни места повремено ќе има засилени удари од јужен и југоисточен правец.
Утринските температури ќе се движат од -3 до 6 степени, а дневните од 8 до 15 степени, додека во источните делови ќе биде значително посвежо, околу 5 степени.
За Св. Никола се очекува студено време, а на планините можни се слаби врнежи. Највисоката дневна температура ќе биде околу 6 степени, додека на повисоките планински предели под нулата.
До крајот на неделата времето ќе остане суво и стабилно, со појава на магла во ноќните и утринските часови и сончеви периоди преку ден.
Фото: Freepik


















