Пред вакцинирање забрането е да се зема алкохол и апчиња против алергии. Но се препорачува внес на многу вода и додатоци во исхраната.

  1. Вода

Пиењето вода пред вакцинацијата е од суштинско значење – дехидрацијата може да влијае на „реакцијата“ на организмот на вакцината.

  1. Додатоци

Витаминот Д го стимулира имунолошкиот одговор за време на вакцинацијата.

Студиите покажаа дека нивото на витамин Д е поврзано со подобар серолошки одговор на вакцината против грип кај пациенти со карцином на простата.

Земањето витамин Е во ток од четири месеци ги подобрува параметрите на клеточниот имунитет кај здрави стари лица.

Овој витамин го подобрува производството на антитела по вакцинирањето против тетанус и хепатитис Б.