Според резултатите од едно обемно истражување на тема: „Што ве нервира кај колегите“, на прво место на списокот е лицемерството – со 40 отсто од одговорите на испитаниците.

Сите лица кои учествувале можеле да изберат повеќе опции.

Навиката за озборување и сплеткарење го зазема второто место – така мислат 34 отсто од луѓето.

На трето место, според 33 отсто од испитаниците е непочитување кон работата на другите. Натаму, 32 отсто од анкетираните ја идентификувале непрофесионалноста како иритирачка, а неодговорноста ги затвора првите пет – 23 насто од испитаниците го посочиле тоа.

Натаму следат караниците (20 отсто), мрзеливоста (15 отсто), тесни погледи и предрасуди (13 отсто), малодушност (9 отсто), лоши манири (7 отсто), лоши навики (5 отсто) и „друго“ коешто го избрале три отсто од испитаниците.