Жените со став мислат дека е важно да му покажат на партнерот колку се паметни, но новото британско истражување покажува дека мажите не се воодушевени од дами кои претерано го нагласуваат своето мислење за се, од политика, литература, мода, до спорт и други социјални теми.

Изразената интелигенција кај понежниот пол не ги привлекува бидејќи полесно се справуваат со жени со просечни способности.

Кога ќе покажат дека можат да бидат посилни и подоминантни, чувствуваат дека нивното его и машкост се загрозени, покажа студијата.

Мажите не сакаат кога жените се паметни, додека пак сакаат кога посилниот пол филозофира. Во истражувањето учествувале 350 мажи, а 60 отсто од нив рекле дека избегнуваат девојки кои го кажуваат своето мислење за секоја тема.

Испитаниците рекле дека паметна жена ја прави помалку привлечна и ја брише сета мистерија и романса. Од друга страна, од 350 жени, дури 65 отсто одговориле дека повеќе би сакале да бидат во врска со образован и информиран маж кој сака да зборува за се.